Лишен од слобода криминалец од Грчец

од Nikola Popovski
213 прегледи

Денеска (24.06.2022) во 12.20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода С.Љ.(27) од с.Грчец, скопско, информираат од полицијата.

Тој бил баран со потерница за спроведување истрага и за него била определена мерка притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Слични содржини