Лишен од слобода возач во ресенско, измерени му биле 1,70 промили алкохол во крвта

По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава

од Бисера Трајковска
4 прегледи
Лишен e од слобода Ѓ.В.(45) од селото Лескоец, кој управувал возило под дејство на алкохол. Полициските службеници констатирале дека Ѓ.В. управувал патничко возило „сеат” со охридски регистарски ознаки, а измерени му биле 1,70 промили алкохол во крвта.
-На 20.09.2025 во 20:50 часот во с.Царев Двор, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Ѓ.В.(45) од с.Лескоец, охридско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека Ѓ.В. под дејство на алкохол управувал патничко возило „сеат” со охридски регистарски ознаки, односно измерени му биле 1,70 промили алкохол во крвта, соопштија од МВР.
По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава по чл.297-а „безобѕирно управување со моторно возило” од КЗ.

Слични содржини