Лишени од слобода 12 женски лица при акциска контрола во угостителски објект

од desk2
114 прегледи

Дванаесет женски лица се лишени од слобода при акциска контрола во угостителски објект лоциран близу автопатот Тетово-Скопје од страна на полициски службеници од Тетово.

Како што информираат од МВР, лицата се на возраст од 20 до 40 години од Србија, Албанија и Бугарија и истите се приведени во Полициската станица во Тетово, по што ќе бидат предадени во Отсек за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.