Лисната пита со фил од праз и печурки

од desk4
827 прегледи

Оваа пита иако е посна, ќе ви стане омилена и често ќе ја подготвувате.

Состојки:

1 кг кори за пита
1 кг свежи шампињони
3 страка праз
Сол, бинер
200 мл масло
700 мл кисела вода
300 гр брашно
300 гр гриз
Кесичка прашок за пециво

Подготовка:

Исецкајте ги печурките и празот, па заедно пропржете ги на умерена температура, постојано мешајќи. Филот е готов кога течноста од печурките ќе испари. Зачинете го филот. Додека да се излади, измешајте ги маслото, киселата вода, брашното и гризот, како и прашокот за пециво.

За еден ролат употребете три кори. Секоја премачкајте ја со мешавината од брашно, а на третата ставете од филот со печурки. Ролатите наредете ги во подмачкан плех за печење.

Печете ја питата околу 30 минути на 200 степени, а откако ќе се испече, покријте ја со крпа за да омекне. Откако ќе се излади, исечете ја на парчиња.

Слични содржини