Листа на овошја кои се идеален избор за секој кој сака да изгуби тежина

од Stefanija Kuzmanovska
569 прегледи

„Овошјето е одлично за слабеење. Има висок удел на вода и поттикнува ситост“, изјави нутриционистката Меги Михалчик.

Еве кое овошје се смета за најдобар избор за секој кој сака да изгуби тежина:

Ананас
Ананасот е богат со витамини и минерали и ќе ја задоволи желбата за слатки. Со грицкање на ананас, внесувате витамин Ц, манган и антиоксиданси.

Лубеница
92 проценти од лубеницата е составена од вода. Покрај тоа, содржи ликопен, антиоксиданс кој може да ги заштити мажите од рак на простата.

Грејпфрут
Грејпфрутот, како и секое друго овошје, не може да топи маснотии, но има голем процент на вода, така што ќе ве засити.

Круша
Една круша содржи шест грама влакна. Таа е одличен извор на калиум, важен минерал за активни мускули.

Авокадо
Технички, авокадото е овошје. Содржи здрави масти кои промовираат ситост и витамин Е и калиум.

Боровинки
Боровинките се одличен извор на влакна и лесно е да се јадат било каде, бидејќи не треба да се чистат или сечат.

Малини
Малините содржат растителни влакна и добро се комбинираат со јаткасти плодови или путер од кикирики, кои се извор на протеини.

Јагоди
Нискокалорични и богати со хранливи состојки, јагодите се идеална состојка во секое мени, особено кај оние кои сакаат да ослабат и да ја задоволат желбата за слатки.

Портокал
Портокалите имаат многу витамини и малку калории. Ќе ве хидрира и засити.

Јаболко
Ако сакате целосно да ги искористите сите придобивки од јаболкото, не ја лупете кората. Кората на јаболкото содржи најмногу влакна, а ова овошје има и многу протеини.

Манго
На крај, не заборавајте на мангото кое е малку калорично, но има многу растителни влакна, витамин Ц и фолати.

Слични содржини