Листа на ЦИА: Македонија на 42. место во Европа по стапка на смртност

од Nikola Popovski
234 прегледи

Според листата на ЦИА, која прави споредба во 229 земји во светот, но и поединечно по континенти, по овогодинешната анализа Србија е убедливо на прво место по стапката на смртност. Имено, нашиот северен сосед има коефициент од 16,39 смртни случаи на 1.000 жители годишно, пишува српски „Данас“.

Тој коефициент, посочуваат на веб-страницата, се пресметува како просечен годишен број на смртни случаи на 1.000 жители во средината на годината.

На првите десет места по Србија следат Романија, Литванија, Летонија, потоа Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска. Сите овие земји се европски, па затоа истата група ги зазема првите десет места на листата на европски земји со најголема смртност.

Кога станува збор за листата за Европа, земјите од поранешната југословенска република се во многу подобра позиција. Хрватска е на 10 место, Словенија на 28 место, Црна Гора на 30 место, Босна и Херцеговина на 32 место, а Северна Македонија на 42 место на листата, пренесува „Данас“.

Слични содржини