Министерот за економија Крешник Бектеши највави дека денеска на владина седница ќе се разгледаат податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември и ако има зголемување на цените ние уште денеска ќе донесеме одлука за проширување на одлуката со дополнителни производи,
Јајцата, оризот, макароните и другите тестенини, би можеле да бидат ставени на проширената листа производи чии цени ќе бидат замрзнати до 31 јануари 2022 година.
Бектеши вчера во емисијата Топ Тема на Телма најави дека ако податоците покажат дека има зголемување, а граѓаните го чувствуваат тоа, листата ќе се прошири. И за додадените производи, до крајот на јануари догодина, би важеле цените кои биле формирани од трговците на 1 декември.
Бектеши вели дека целта е да се заштити стндардот на граѓаните и да се спречат ценовни шокови, особено во време на енергетска криза, имајќи предвид дека цените на електричната енергија можат да влијаат директно и индиректно во зголемување на цените и на производството и на трговијата.
Владата на 4 декември донесе одлука да се замрзнат цените на основните прехранбени производи. Цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата, нема да се менуваат до крајот на јануари. Замрзнувањето на цените важи во трговијата на мало и на големо.