ЛИТАР ГОРИВО ДО 120 ДЕНАРИ: Каде во регионот има најевтини, а каде најскапи дизел и бензин?

од Nikola Popovski

Цената на нафтата на светскиот пазар деновиве благо опаѓа. Во однос на 130 долари, колку што чинеше барел пред една недела, сегашните цени, кои се движат под 110 долари, многумина ги поздравуваат. Но, она што граѓаните го плаќаат деновиве во околните земји е далеку поскапо од пред само две недели.

Здружението на нафтени компании на Србија објави детален преглед на цените на горивата во 11 земји во регионот. Гледајќи ги цените на дизелот, бензините и гасот, лесно може да се заклучи дека ценовниците добро се разликуваат дури и во соседните земји.

Грција е на чело кога се во прашање цените на бензинот и дизелот. Претворен во денари, литар бензин во Грција чини 119 дeнари. Во исто време, гасот е најскап во Хрватска, пишува српски „Блиц“.

Цена на бензинот

Грција 1, 94 евра
Албанија 1,62 евра
Хрватска 1,57 евра
Црна Гора 1,54 евра
Романија 1,5 евра
Србија 1,45 евра
Бугарија 1,39
Македонија 1,36 евра
БиХ 1,3 евра
Унгарија 1,22 евра

Кога станува збор за дизелот, просечната цена во регионот e 1,44 евра. Највисока цена е забележана во Грција, а најниска во Македонија и Унгарија.

Цена на дизелот

Грција 1,68 евра
Албанија 1,61 евро
Хрватска 1,54 евра
Србија 1,52 евра
Романија 1,48 евра
Словенија 1,47 евра
Црна Гора 1,43 евра
Бугарија 1,37 евра
БиХ 1,29 евра
Македонија 1,22 евра
Унгарија 1 22 евра

Просечната цена на автогасот или ТНГ во регионот е 0,79 евра. Највисока е во Хрватска, а најниска во Македонија

Цена на автогас

Хрватска 0,87 евра
Словенија 0, 86 евра
Унгарија 0, 84 евра
Србија 0,81 евра
БиХ 0,78 евра
Романија 0,770 евра
Албанија 0, 767 евра
Црна Гора 0,75 евра
Бугарија 0,75 евра
Македонија 0,71 евро

 

Слични содржини