Литии и вечерва ширум Црна Гора

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Протестни прошетки во повеќе градови во Црна Гора беа организирани и вечерва во знак на протест против усвојувањето на спорниот Закон за слобода на вероисповест, пренесе „Нова.рс“.

Литиите се организирани во Будва, Беране, Бело Поље, Бар, Никшиќ и во други градови ширум Црна Гора.

Прошетките кои не ги организира црквата започнаа пред три дена, а како што беше неофицијално најавено, тие ќе се одржуваат секоја вечер од 19 часот.

Погледнете ги протестите во Будва: