Измамниците лажно се претставувале како полицајци и изнудувале пари од граѓаните.
На охриѓанката Анета Вршкоска Јованоска чии родители биле жртви на измамниците по телефон им било кажано дека нивната ќерка усмртила дете во сообраќајка и дека треба да дадат пари за да не оди во затвор.
Анета која го сподели своето искуство на социјалните мрежи веднаш го пријавила случајот во полиција од каде дознала дека во изминатиот период се случиле и други вакви измами.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои лажно се претставуваат како службени лица и вршат измами, претежно на повозрасни граѓани од Охрид, со телефонски јавувања за наводно случена сообраќајна несреќа со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејства. Притоа, користејќи ја нивната вознемиреност и загриженост, од нив изнудуваат парични средства, информираа од СВР Охрид
„Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични измами, преку повици добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112 или во најблиската полициската станица“, велат од полицијата.