Лица во карантин во охридски хотел излегувале и недолично се однесувале

од Aleksandar Petrovski

СВР Охрид поднесе десет кривични пријави против лица од повеќе места од земјава осомничени  за кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Додека биле сместени во карантин во хотел, пријавените во повеќе наврати излегувале надвор од собите, гласно викале и недолично се однесувале и не ги почитувале мерките, прописите и наредбите укажани од страна на полициските службеници, соопшти МВР во полицискиот билтен.

Пријави се поднесени против тројца жители од општина Липково – С.Љ.(25) од село Матејче, В.Н.(39) од село Липково и А.Х.(27) од село Отља, против четворица од Скопје –  Ж.Б.(28), Ф.Р.(40), Р.Љ.(40) од Арачиново и Ш.А.(45) од Чаир, против С.М.(52) од струшкото село Смешница, Ф.Б.(39) од Тетово, Н.А.(38) од Крушево и М.С.(61) од кичевското село Осој.

Слични содржини