Во текот на вчерашниот ден од ГОБ „8 Септември“, заболен со коронавирус побегнал од ковид-центарот, се шетал низ главниот град, а во текот на ноќта бил приведен од страна на полицијата и вратен во болницата.
Оваа информација се појави на социјалната мрежа Твитер при што од еден профил беше раскажана целата случка во која бил вклучен извесен Борче Ивановски, а притоа се бара и одговорност од вработените во ГОБ „8 Септември“ кои дозволиле да се случи вакво нешто.
Од МВР за Локално ја потврдија информацијата на интервенирале на повик од ГОБ „8 Септември“.
-На 06.10.2020 во 21.30 часот од ГОБ „8 Септември“ било пријавено дека од Ковид центарот избегал пациент Б.И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу 02.00 часот и вратено во болницата, информираа од МВР.
https://twitter.com/YokioTo/status/1313708404305727488