Литванија денеска го подигна нивото на борбена готовност на своите единици за брза реакција за да спречи каква било можна провокација од руска страна, изјави литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас откако Москва најави делумна мобилизација.
„Бидејќи Русија ќе се мобилизира и во регионот Калининград, соседна Литванија, Вилнус не може само да чека, туку мора да се подготви“, напиша Анусаускас на Фејсбук, пренесува „Ројтерс“.
Финска внимателно ја следи ситуацијата во соседна Русија по указот на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација, изјави денеска финскиот министер за одбрана Анти Кајконен.