Ливерпул е подготвен да сруши рекорд за Исак

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Ливерпул е подготвен да го сруши британскиот фудбалски рекорд за да го потпише напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, објавија денес британските медиуми.

Исак беше еден од најдобрите играчи на Њукасл минатата сезона, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Лига купот, и има вкупно 27 гола и шест асистенции во 42 натпревари.

Би-Би-Си, повикувајќи се на извор на поткаст, објави дека Ливерпул е подготвен да го сруши британскиот фудбалски рекорд за да потпише со 25-годишниот шведски фудбалер.

Моменталниот рекорд е 107 милиони фунти, колку што Челси плати за Енцо Фернандес во 2023 година.

Челси го доведе Мојсес Каиседо од Брајтон за 100 милиони фунти истата година, но би можел да потроши уште 15 милиони фунти за тој трансфер поради вклучените бонуси.

Ливерпул го потпиша Флоријан Вирц од Баер Леверкузен за 100 милиони фунти ова лето, и би можел да плати уште 16 милиони фунти во бонуси, што би било рекорд во британскиот фудбал.

Манчестер Сити ѝ плати на Астон Вила вкупно 100 милиони фунти за Џек Грилиш во 2021 година.

Слични содржини