Ливерпул ги чува клучните играчи – падна и петтиот потпис

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Англискиот гигант Ливерпул се пофали со нов потпис.

Тој и понатаму ги продолжува договорите со важни фудбалери, вклучувајќи го и Енди Робертсон.

Пред него истото го направија Трент Александар-Арнолд, Фабињо, Алисон Бекер и Вирџил ван Дајк, а наскоро се очекува истото да го стори и Мохамед Салах.

Робертсон пристигна на „Енфилд“ пред четири години и се етаблираше како еден од најдобрите леви бекови во светот.

Со „црвените“ ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство на ФИФА и Суперкупот на УЕФА.

Слични содржини