Јирген Клоп ја освои наградата за менаџер на месецот за јануари, а Диого Жота беше избран за играч број 1 во Премиер лигата. Тоа е десетта ваква награда за Германецот, откако менаџерот на Ливерпул се израмни со Дејвид Мојс. Така, пред Клоп останаа само тројца на кои наградата им беше доделена повеќе пати. Тоа се Сер Алекс Фергусон (27′), Арсен Венгер (15′) и Хосеп Гвардиола (11′).
Во јануари, Ливерпул ги доби сите три првенствени натпревари против Њукасл, Бурнемаут и Челси.
Клоп ги победи Микел Артета, Роб Едвардс и Пеп Гвардиола, кои исто така беа номинирани за наградата минатиот месец.
Диого Жота ја освои наградата за играч на месецот за прв пат во кариерата. Тој е вториот играч на Ливерпул кој го прави тоа оваа сезона. Пред него наградата за октомври ја доби Салах. На споменатите три натпревари Жота постигна три гола и даде две асистенции.