Фудбалскиот клуб Ливерпул не беше толку активен во претходниот период кога е во прашање доведувањето засилувања, особено не оние големите кои ги посакуваат навивачите.
Сепак, очигледно е дека Јирген Клоп знае што прави бидејќи „црвените“ играат одличен фудбал оваа сезона. Запишаа шест од шест во групната фаза од Лигата на шампионите, моментално заостануваат еден бод зад Манчестер Сити во Премиер лигата… па се се одвива според планот.
Сепак, она што сите го посакуваа треба да се оствари следното лето. Дотогаш Ливерпул ќе се обиде да склучи договор со Борусија Дортмунд за младиот Џад Белингем (18), за кој е подготвен да плати дури 100.000.000 евра.
Младиот Англичанец пристигна од Бирмингем на „Сигнал Идуна Парк“ во 2020 година за 23.000.000, а Германците се надеваат на пет пати поголема добивка.