Ливерпул го одложува трансферот на Белингем за следното лето

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Ливерпул ќе чека една година на трансферот на големиот талент на Борусија (Дортмунд) и Англија – Џaд Белингем. Играчот од средниот ред останува еден од најпосакуваните играчи на Јирген Клоп, но од „Енфилд“ се согласија дека откако Борусија се раздели со Ерлинг Халанд ова лето, „жолто-црните“ нема да продадат уште една ѕвезда во истиот трансфер прозорец. Токму таква е практиката на германскиот клуб во последните години, а слична беше и причината за доцнењето на трансферот на Џејден Санчо во Манчестер Јунајтед, за кој се зборуваше долго пред да биде финализиран.

Вчера Ливерпул го договори десниот бек на Абердин, Калвин Ремзи, кој е третото ново засилување на „црвените“ ова лето. Пред тоа беа привлечени Фабио Карваљо и Дарвин Нуњез, што веројатно ќе стане најскапото купување на клубот досега. Така Клоп веќе успеа да земе по еден млад играч за сите три линии – одбрана, среден ред и напад. Според англиските медиуми, со ова ќе заврши селекцијата во Ливерпул.

Следното лето, сепак, има големи шанси клубот повторно да направи голем трансфер со привлекувањето на Белингем.

Ливерпул сега има неколку излезни трансфери. Садио Мане сигурно ќе биде продаден на Баерн (Минхен), иако двата клуба се уште не успеале да се договорат за сумата за трансфер. Тимот од Мерсисајд се подготвени да продадат или ангажираат уште најмалку четворица играчи – Такуми Минамино, Алекс Окслејд-Чембрлен, Нет Филипс и Неко Вилијамс.

Слични содржини