291
Ливерпул го освои ФА Купот по осми пат во својата историја. „Црвените“ стигнаа до вториот трофеј сезонава по повторувањето на финалето на Лига купот против Челси.
И двата тима повторно не постигнаа гол во 120 минути и се дојде до пенали. Таму тимот од Мерсисајд беше подобар со резултат 5-6, откако Мејсон Маунт го промаши решавачкиот удар за Челси.
По денешниот триумф, сонот на „црвените“ за обединување на четири трофеја во една сезона е се уште жив.