Ливерпул го освои Лига купот по рекорден десетти пат во својата историја.
Во финалето „црвените“ го победија Челси со 1:0.
Натпреварот во регуларното време заврши 0:0, а во 119. минута Вирџил Ван Дијк го постигна победничкиот гол.
WE ARE THE CARABAO CUP WINNERS!!!!!!! 😍 pic.twitter.com/YXKpLXcYAF
— Liverpool FC (@LFC) February 25, 2024
Така, тимот ќе го испрати Јирген Клоп во неговата последна сезона на „Енфилд“ со најмалку еден трофеј.
Успехот на Ливерпул беше уште позначаен бидејќи Клоп не можеше да се потпре на многу од неговите клучни играчи, вклучувајќи ги Мохамед Салах, Трент Александер-Арнолд, Дарвин Нуњез и Доминик Собослај.
Кон крајот на натпреварот Германецот пушти во игра дел од младинците и тие се претставија на многу високо ниво.