168
Раководството на Ливерпул ќе понуди нов договор со значително „надуени“ финансиски параметри на египетскиот репрезентативец Мохамед Салах, соопшти британскиот весник „Daily Express“.
Иако помина на „Енфилд“ едвај минатото лето, 25-годишното крило брзо стана водечка фигура во составот на Јирген Клоп. Поранешниот фудбалер на Рома забележа импресивни 23 гола во вкупно 27 натпревари за Ливерпул во Премиер лигата, со што ги прикова погледите на голем број европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.
Тоа ја испровоцирало и желбата на шефовите на Ливерпул да му понудат нов, значително подобрен од финансиска гледна точка договор кој ќе го задржи во клубот.
Сегашниот договор на Салах со „црвените“ истекува летото 2022 година.