Ливерпул го претстави своето најскапо засилување на сите времиња!

од Nikola Popovski
315 прегледи

Напаѓачот на Уругвај, Дарвин Нуњез и официјално е нов член на Ливерпул, потврдено е на официјалниот сајт на клубот.

Нуњез на „Енфилд Роуд“ пристигнува од Бенфика, а откако успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша договор до летото 2028 година.

Одличниот Уругваец зад себе има две успешни сезони во Бенфика, а на 85 натпревари за оваа екипа постигна 48 гола.

22-годишниот фудбалер досега има 11 настапи за репрезентацијата на Уругвај, а член на оваа селекција е од 2019 година.

„Многу сум среќен што од денеска сум член на Ливерпул. Ова е голем клуб“, изјави пресреќниот Нуњез по потписот за Ливерпул.

Нуњез со тоа стана само третиот уругвајски фудбалер кој го носи дресот на Ливерпул. Претходно тоа го направија Себастијан Коатес и Луис Суарез. Тој го зема дресот со број 27.

„Црвените“ за услугите на напаѓачот платија дури 75 милиони фунти на сметка на Бенфика, а со бонуси таа бројка може да се зголеми на 100 милиони фунти. Со тоа тој стана најскапото засилување на клубот во историјата.

 

Слични содржини