Ливерпул го стигна Сити во домашна серија без пораз

од desk4
141 прегледи

Екипата на Ливерпул вчеравечер го победи Тотенхем вонатпреварот од 32. коло на шампионатот на Англија со 2:1 и ја продолжи серијата на домашни натпревари без пораз. „Црвените“ имаат 37 средби на свој терен без да загубат со што се изедначија со Манчестер сити на втората позиција на вечната листа.

Убедливо прв според оваа статистичка категорија е Челзи.

„Сините“ од Лондон немаат загубено дома 86 натпревари по ред во серијата од 20 март 2004 година до 26 октомври 2008 година.