13
Ливерпул и ПСЖ ќе се обидат да ја ангажираат ѕвездата на Олимпик Лион, Рајан Шерки во јануари, според Footmercato.
Двата клуба беа заинтересирани за 21-годишниот фудбалер и летото, но сепак тој остана во Лион.
Шерки има 17 настапи и пет гола оваа сезона за „децата“. Неговата цена е 30 милиони евра.
Се очекува и „црвените“ и „принцовите“ да започнат преговори со Лион на почетокот на годината. Францускиот клуб е принуден да продава играчи за да ги покрие долговите, поради што е во опасност да биде исфрлен од Лига 1.
Договорот на Рајан Шерки со Лион е до летото 2026 година.