Ливерпул испрати понуда за ѕвездата на Галатасарај

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Ливерпул достави понуда за ѕвездата на Галатасарај, Бариш Јилмаз. „Црвените“ бараат опции како да ја засилат напаѓачката моќ и се чини дека го таргетирале 24-годишниот Турчин, открива „Фотомак“.

Јилмаз ги импресионираше сите со својот настап со селекцијата на Турција за време на Евро 2024. Тој беше еден од најсилните играчи во тимот. Ова го привлече вниманието на многу клубови кон него, а освен Ливерпул, го посакуваат и Тотенхем и Арсенал.

Се вели дека Ливерпул веќе дале конкретна понуда за играчот вредна 25 милиони фунти. Сепак, Галатасарај ја отфрлил, бидејќи сака да добие најмалку 30 милиони фунти за неговите права.

Јилмаз дојде во Галатасарај од Анкара за само 2 милиони евра во 2021. За тимот од Истанбул има 108 натпревари, 11 гола и 14 асистенции. За Турција постигна 2 гола на 20 одиграни натпревари.

Слични содржини