Ливерпул следното лето би морал да потроши голема сума за нов напаѓач, а тоа ќе зависи и од продажбата на Дарвин Нуњез.
„Црвените“ сакаат да го освежат нападот, а за тоа ќе потрошат околу 100 милиони евра, иако е важно да го продадат Дарвин Нуњез.
Уругвајскиот напаѓач е на излезна врата од клубот, а Ливерпул се надева дека во наредниот период ќе пристигне добра понуда за Нуњез.
Минатата зима имаше понуди од Саудиска Арабија, но договор не се оствари, иако Ливерпул се надеваше на продажба. Ваква слична понуда би била повторно пожелна на „Енфилд“, бидејќи Нуњез нема иднина таму.
Тоа беше јасно по промашениот пенал против ПСЖ во пенал рулетот. Тоа беше јасна слика и показател за настапите на Нуњез во Ливерпул во текот на целата сезона.
Потенцијално засилување во нападот, не на напаѓачката позиција, туку во напаѓачкиот дел кој неодамна се споменува е Чави Симонс.
Холанѓанецот игра брилијантно за Лајпциг и трансферот би чинел околу 80 милиони евра.