Ливерпул ја освои титулата, па заврши голем трансфер

од Nikola Popovski
825 прегледи

Ливерпул се договорил да го потпише десниот бек на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, информира попладнев познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

Со оглед на тоа што Трент Александар-Арнолд треба да го напушти клубот на крајот од неговиот тековен договор, Ливерпул мораше да најде нов десен бек во летниот преоден рок. Конор Бредли е уште една опција за Ливерпул на позицијата десен бек кој исто така денеска го продолжи својот договор до 2029 година.

Според Романо, Фримпонг треба да стане нов играч на Ливерпул наскоро откако англискиот клуб ја активираше откупната клаузула и договорот сега е финализиран. Фримпонг ќе потпише петгодишен договор со Ливерпул, а неговите медицински прегледи ќе бидат закажани наскоро.

Баер ќе добие 35 милиони евра за 24-годишниот Холанѓанец. Фримпонг е во Леверкузен од 2021 година, а претходно играше за Селтик.

Слични содржини