Ливерпул ја продолжува одбраната на трофејот во ЛШ

од Vladimir Zorba

Европскиот клупски шампион Ливерпул ја продолжува одбраната на трофејот. Црвените победија со 2:0 како гостин на РБ Салцбург и завршија на првото место во групата „Е“ од Лигата на шампионите.

Наби Кеита и Мохамед Салах реализираа во рок од една минута по паузата и му донесоа успех на англискиот гигант на кој му требаше барем нерешено за пласман во полуфиналето.

Екипата на Наполи исто се квалификуваше во 1/8-финалето во Лигата на шампионите по лесната победа од 4-0 на домашен терен против Генк.

На италијанскиот тим му беше потребен успех за да обезбеди едно од првите две места во групата „Е“. Аркадиуш Милик „експлодираше“ со „хет-трик“ за едно полувреме (2, 26 и 38 – пенал), додека Дрис Мертенс постигна уште еден од пенал во 74-тата минута.

Слични содржини