Ливерпул ја слави 50 годишнината од издавањето албум на Битлси со цел фестивал

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Ливерпул го организира целиот уметнички фестивал, со кој ќе се одбележи 50-годишнината од издавањето на еден од највлијателните албуми на легендите “Битлси” – Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band. Денес беше соопштено дека кон фестивалот биле привлечени 13 уметници кои ќе создадат уметнички дела инспирирани од 13-те песни во албумот. Меѓу нив се, на пример, кореографот Марк Морис, кабаре сензацијата Мелиса Маден Греј (позната под псевдонимот “Мјау Мјау”) и иноваторката во поставување уметност Џуди Чикаго.

Организаторите ветуваат и изведба од 64 луѓе на незаборавна песна на ливерпулската четворка – “Кога наполнив 64”, како и невидено шоу со огномет, подготвено од францускиот пиротехничар Кристоф Бертоне.

Сите 13 уметнички проекта ќе ја имаат светската премиера во Ливерпул меѓу 25 мај и 16 јуни за време на различни настани во рамките на фестивалот.

“Sgt. Pepper ги надмина границите на креативноста и ние сакаме да го постигнеме истото”, рече во официјална изјава во средата градоначалникот на градот Џо Андерсон. Според него, искуството да биде пренесено првококласна уметност во мејнстрим просторот ќе му придаде на Ливерпул ново значење.

За многумина Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band се смета за еден од најважните албуми во историјата на поп музиката. Причината е комбинацијата од егзотични музички инспирации и невидена дотогаш технолошка иновативност, кои му придаваат на звукот на албумот, нетипична за времето, психиделичност.