Ливерпул упати втора понуда за Флоријан Вирц до Баер Леверкузен. Според Дејвид Орнштајн, понудата вреди вкупно 130 милиони евра (109 милиони фунти), вклучувајќи бонуси. Фабрицио Романо додаде дека двата клуба моментално преговараат за структурата на бонусите, а „Енфилд“ верува дека понудата ќе биде прифатена и дека договорот ќе биде завршен што е можно поскоро.
Ливерпул ја упати својата прва понуда пред четири дена, која беше за 100 милиони евра плус бонуси. Сепак, оваа понуда беше одбиена од страна на клупското раководство на „аспирините“.
Самиот Вирц сака само трансфер во Ливерпул, откако ја донесе својата одлука по состанокот со менаџерот на „црвените“, Арне Слот, на 13 мај. Баерн Минхен, исто така, беше заинтересиран за потпишување на најдобриот играч во Бундеслигата, но тој им кажа на шефовите на Баерн дека го претпочита „Градот на Битлси“. Тој беше поврзан и со Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Доколку се реализира, трансферот би бил рекорден не само за Ливерпул, туку и за Премиер лигата. Моменталниот рекорд во Премиер лигата е 106 милиони фунти, колку што Челси ѝ плати на Бенфика за Енцо Фернандез.