Ливерпул не го дава Фирмино, Јувентус има уште три опции!

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ, но и некој со кој Србинот би можел да биде во првите редови во нападот на „бјанконерите“.

Идејата беше да се донесе Роберто Фирмино од Ливерпул, кој падна во втор план под водство на Јирген Клоп, но Јувентус не е подготвен да потроши повеќе од 20.000.000 евра за Бразилецот, додека „црвените“ ја ценат својата „универзална“ ѕвезда за 10.000.000 евра повеќе. Поради тоа на Фирмино ќе му биде тешко да се пресели во Торино, пренесуваат медиумите во Италија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јуве повторно се свртел кон Алваро Мората, кого го бара тренерот Масимилијано Алегри, но за него се прашува Атлетико Мадрид, со кој Шпанецот има договор до 2024 година.

Покрај Мората, во игра се и Тимо Вернер и Антони Марсијал. И двајцата напаѓачи од Премиер лигата би можеле да заминат во Торино на позајмица, бидејќи немаат големи шанси да бидат стартери во Челси и Манчестер Јунајтед.

Слични содржини