Ливерпул нуди 70 милиони евра за Де Јонг

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Фудбалерот на Барселона и холандски репрезентативец, Френки де Јонг би можел да ја продолжи кариерата во Ливерпул, пренесуваат британските медиуми.

Барселона по секоја цена сака да се ослободи од холандскиот фудбалер, кој беше на прагот да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Сепак, иако клубовите се договорија за обештетување, Де Јонг одби да се пресели во клубот од „Олд Трафорд“ и остана да се бори за место во стартниот тим на Барселона.

Британските медиуми наведуваат дека оваа ситуација сака да ја искористи Ливерпул, кој на Барселона и понудил 70 милиони евра со бонуси за холандскиот фудбалер.

Де Јонг (25) е член на Барселона од 2019 година, а претходно играше за Ајакс и Вилијем Втори. За каталонскиот клуб одигра 142 натпревари и постигна 13 гола.

Британските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед се насочил кон играчот на Реал Мадрид – Асенсио. Англискиот клуб подготвил 30 милиони евра за Асенсио кој го загуби местото во стартниот тим на Реал.

Слични содржини