Ливерпул имаше понуда од 25 милиони евра од Реал Мадрид во јануари за Трент Александер-Арнолд. Договорот на десниот бек истекува на крајот од сезоната, а кралскиот клуб веќе подолго време има отворен интерес за него.
Оваа недела англиските медиуми веќе објавија дека Трент конечно постигнал договор со Реал и сигурно на лето ќе се пресели на Сантијаго Бернабеу. Сепак, шпанскиот гигант се обиде да го ангажира за време на зимскиот преоден рок. Тогаш се зборуваше дека „белите“ се подготвени да понудат максимални 15 милиони фунти, но сумата всушност била поголема и изнесувала 21 милион фунти (25 милиони евра), открива Фабрицио Романо.
Иако Ливерпул беше свесен дека Александар-Арнолд нема повторно да потпише, ја одбил оваа понуда бидејќи не сакал да загуби еден од своите важни играчи среде сезона, особено што тогаш тимот на Арне Слот се уште се бореше за четири трофеи.
Ливерпул сепак би можел да добие пари за Арнолд, бидејќи според медиумите на Островот, Реал ќе понуди 5 милиони фунти за да го земе играчот на самиот почеток на јуни и да го искористи за време на Светското клупско првенство.
Клубот од „Енфилд“ нема да му застане на патот на својот играч во оваа ситуација и ќе го пушти.