Англискиот фудбалски клуб Ливерпул покажува „сериозен интерес“ за Флоријан Вирц, но во моментов нема ништо повеќе, изјави спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфес. Плејмејкерот на „aспирините“ сака да си замине на лето, а „црвените“ се сметаат за водечки кандидати за неговиот потпис.
„Постои сериозен интерес од Ливерпул, но во моментов нема што повеќе да се каже. Флоријан е наш играч“, рече Ролфес во интервју за локалните медиуми.
Според Флоријан Плетенберг од „Скај Германија“, преговорите меѓу Леверкузен и Ливерпул се одвиваат со брзо темпо и се позитивни. Самиот фудбалер сака да игра за англискиот шампион и чека дозвола од „аспирините“ за да ги помине лекарските прегледи во Ливерпул.
Вирц можеби го чини Ливерпул 150 милиони евра, но тој не е единствениот играч од Леверкузен кого го сакаат „црвените“. Уште поблиску до трансфер е бекот Џереми Фримпонг, чија вредност е проценета на околу 35 милиони евра.