61
Како што пренесува Sky Sports, клубот од Енфилд започнал преговори со тројца играчи и им понудил продолжување на договорот.
Трент Александер Арнолд, капитенот Вирџил Ван Дaјк и Мохамед Салах имаат актуелни договори до крајот на сезоната. Првите двајца го имаа своето последно продолжување во 2021 година, додека Салах го доби една година подоцна.
Сигурно дека челниците на Ливерпул очекуваат голема работа, но станува збор за тројца фудбалери кои со години се столб на тимот.
Салах е во клубот од 2017 година, Ван Дaјк од 2018 година, додека неговиот заменик кога е капитенската лента во прашање, Александар Арнолд е дете на клубот и веќе осум години игра за првиот тим.