202
Со победата од 3-1 против Њукасл во натпреварот од 17. коло на Премиер лигата во четвртокот вечерта, англискиот великан Ливерпул постигна нешто историско.
Шесткратниот европски клупски шампион стана првиот тим кој може да се пофали со 2.000 шампионски победи во англиската фудбалска елита.
Ливерпул има одиграно вкупно 4.227 натпревари во англиската елита и тоа значи дека победил на 47,3% од сите одиграни натпревари.
Далеку зад себе е вториот во ова рангирање Арсенал со 1.927 победи. По нив следуваат Евертон (1872), Манчестер Јунајтед (1.857) и Астон Вила (1.675).
Топ 10 ја комплетираат Манчестер Сити (1.518), Тотенхем (1.452), Челзи (1.436), Њукасл (1.361) и Сандерленд (1.260).