Ливерпул со прва понуда за Чаби Алонсо

од Vladimir Zorba
450 прегледи

Раководството на Ливерпул веќе ја упати првата понуда до тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанецот е цел број 1 на „црвените“ за да го замени Јирген Клоп, кој веќе најави дека си заминува од функцијата на крајот од сезоната.

Сепак, англискиот клуб има сериозна конкуренција во форма на Баерн Минхен и Барселона. Се чини дека самиот Алонсо ќе треба да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи сите заинтересирани се подготвени да му понудат одлични услови на стручњакот.

Според различни извори, главен фаворит за неговиот потпис е Ливерпул. Клубот веќе му ја испрати првата понуда. „Енфилд“ му понуди на Алонсо тригодишен договор.

Шпанецот се уште не сака да коментира што се случува околу него, а неговиот сегашен клуб Баер Леверкузен продолжува да негува надежи дека ќе остане на „БајАрена“, особено по титулата која се наѕира во Германија.

Слични содржини