Ливерпул му открил на Реал Мадрид што мора да направи за да ги обезбеди услугите на гол машината Мохамед Салах.
Египќанецот не запира да бележи во кампањата и веќе ги привлече погледите на големите играчи на пазарот, а неговата лева нога е споредувана дури со онаана суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси.
Според „El Confidencial“, Ливерпул оствариле таен контакт со „белите“ преку посредници, именувајќи го износот за кој би се разделиле со својата нова ѕвезда: 180 милиони евра.
Очигледно на „Енфилд“ го сметаат Мохамед за подобар од Филипе Кутињо, кој беше продаден во јануари на Барселона за рекорден за двата клуба износ од 160 милиони евра.
Англискиот клуб го информирал Реал дека Салах може да биде продаден, но дека во никој случај не сака да ја намали неговата цена.