239
Ливерпул ќе се вклучи во битката за голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, во текот на летото. Јирген Клоп е подготвен да потроши 60 милиони евра од својот буџет за трансфери, за да го има 19-годишниот италијанец во неговиот состав.
„Црвените“ се очекува да преговараат и за Алисон Бекер од Рома. Бразилецот е приоритет за Реал Мадрид и тешко ќе може да ја совлада конкуренцијата на Мадрид.
Агентот на Донарума, Мино Раиола, вели дека го советувал својот клиент да го напушти Милан во текот на летото.
„Ако се работеше за мене, веднаш ќе заминев“, изјави неодамна Раиола.
Милан веќе бара замена за Донарума. Фаворит за овој пост е Пепе Реина од Наполи.