Селекторот на фудбалската репрезентација на Египет до 23 години, Шавки Гариб го стави на списокот на Олимписките игри 29-годишниот Мохамед Салах како еден од тројцата играчи над тоа ограничување на возраста.
Сепак, неговиот клуб Ливерпул не му дозволува на Салах да замине во Јапонија.
– Ливерпул е свесен дека ќе остане без Салах во јануари кога ќе трае Африканскиот куп на нации. Затоа тие не сакаат да бидат без него на почетокот на сезоната во Премиер лигата. Салах повторно ќе разговара со челниците на Ливерпул, но тие веројатно нема да го сменат мислењето за Салах, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Египет, Ахмед Мегахед.
Делот од Олимпијадата посветен на фудбалот трае од 22 јули до 7 август, а Ливерпул ја отвора сезоната на 14 август против Норич Сити.