Ливерпул започна преговори за Нунес, трансферот би бил рекорден за клубот

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Ливерпул започна преговори со Бенфика за можно привлекување на напаѓачот Дарвин Нунес. Според „Дејли Мејл“, „црвените“ имаат предност пред Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, кои се главни конкуренти за најдобриот стрелец на „орлите“.

Изданието тврди дека новиот спортски директор на Ливерпул, Џулијан Вард веќе разговарал со луѓе од раководството на Бенфика и исто така сфатил дека и самиот играч сака да ја продолжи кариерата на „Енфилд“. Зделката ќе биде вредна околу 85 милиони фунти, што значи дека Ливерпул ќе го собори својот трансфер рекорд. Досега најскапо купување на тимот од Мерсисајд е Вирџил ван Дајк за кого беа платени 75 милиони фунти.

Вложувањето во нов напаѓач стана практично задолжително откако стана јасно дека Садио Мане најверојатно ќе го напушти клубот ова лето. Замина и Дивок Ориги, а иднината на Мохамед Салах изгледа неизвесна, иако Египјанецот сигурно ќе остане во Ливерпул и следната сезона.

Нунес, кој може да игра и на врвот на нападот и на левата страна, минатата сезона постигна два гола против Ливерпул во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Јирген Клоп потоа позитивно зборуваше за 22-годишниот Уругваец.

„Физички силен, брз, мирен во последниот удар. Многу, многу добар играч. Ако е здрав, му претстои голема кариера“, изјави тогаш Клоп на Нунес.

Слични содржини