Лиз Трас задоволна со 44 дена мандат

од Nikola Popovski

Беше голема чест да се биде премиерка на оваа голема земја, која продолжува да се бори низ бурата, но јас верувам во Британија и нејзиниот народ и знам дека претстојат посветли денови, изјави денеска британската премиерка во заминување Лиз Трас во нејзиното последно обраќање пред да му ја препушти функцијата на Риши Сунак.

Осврнувајќи се на нејзиниот мандат, кој траеше само 44 дена, Трус рече дека нејзиниот кабинет „за само кратко време дејствувал итно и решително на страната на вредните семејства и бизниси“, меѓу другото, помагајќи им на милиони домаќинства со нивните сметки за комунални услуги енергетика и илјадници компании за да избегнат банкрот.

„Ние ја враќаме нашата енергетска независност“, рече Трас во своето обраќање и оцени дека „едноставно не можеме да си дозволиме да бидеме земја со низок раст каде што владата зема сè поголем дел од нашето национално богатство и каде што има огромни поделби меѓу различни делови од нашата земја“.

„Мораме да ги искористиме нашите слободи од „Брегзит“ за да ги правиме работите поинаку, а тоа значи повеќе слободи за нашите граѓани и враќање на власта на демократските институции, пониски даноци и постигнување раст што ќе доведе до поголема сигурност на работните места, повисоки плати и подобри животни можности за нашите деца и внуци“, рекла таа во говорот што интегрално бил објавен на официјалната веб-страница на британската влада.

Таа оценила дека Британија мора да биде способна да ги надмине автократските режими, каде што моќта е во рацете на неколкумина.

„И сега повеќе од кога било, мораме да ја поддржиме Украина во нивната храбра борба против агресијата на Путин. Украина мора да победи“, нагласила Трас и оценила дека мора да продолжи зајакнувањето на британската одбранбена моќ.

Таа на Риши Сунак, кој од неа ќе ја преземе функцијата премиер, му посакала „секаков успех, за доброто на нашата земја“.

Слични содржини