ВМРО-Народна партија ги поздравува преговорите на лидерите на четрите политички партии на кој се обидуваат да најдат мирно решение за излез од длабоката политичка криза во која е вовлечена Р.Македонија.
ВМРО-Народна партија закажаната средба во Стразбур со посредство на меѓународната заедница помеѓу г-динот Никола Груевски и г-динот Зоран Заев, ја гледа како единствена можност која не смее да се испушти за постигнување на трајно политичко решение, а во корист на сите граѓани на Р.Македонија. За таа цел, ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ на својата агенда конечно да ја стави демократизацијата на општеството во оние сфери за кои добиваме перманентно сериозно забелешки во извештаите од Европската Унија, а се однесуваат на напредокот на Р.Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Посебно укажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ мора како владеачка партија да направи прецизна и конкретна агенда и да каже како ќе спроведе целосно фер и демократски избори, признаени за легитимни од сите партии учесници во изборниот процес и од меѓународните набљудувачи.
Во исто време, од СДСМ бараме да ги напуштат досегашните максималистички барања и да ги преформулират во порационални ставови, со што политичкиот дијалог ќе биде полесно остварлив во изнаоѓањето на компромисни решенија на задоволство на двете страни.
ВМРО-Народна партија во овој момент го реафирмира предлогот за амнестија која се однесуваше за прислушкувањето и изборните нерегуларности како политички дел, со тоа што сега, до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, предлагаме амнестијата да го опфати и делот од финансиско корупциски малверзации. Според она што во последно време граѓаните имаа можност да го слушнат и видат од медиумите, сосема оправдано овој дополнителен предлог станува врвен приоритет за нив и затоа оставаме меѓусебно да се договорат.
Од друга страна пак до медиумите во последни денови се испраќаат писма од извесен Ванчо Михаилов , во кое се наведуваат низа опструкции и и забелешки на раководството на ВМРО НП.
Тој вели дека се поголема група од основачи и членови и бараат смена и дефинирање на ставот на ВМРО НП. Во писмото меќу другото се наведува;
Иако многу пати не избегнуваше вадејќи се на некои кажувања на претседателот на ВМРО-НП г-динот Георгиевски, а и гледајќи во кој правец се движи целава лакрдија која ја прават неколку членови на ИК и бидејќи издржуваме веќе десет години на политичката сцена и покрај незамисливите напади од страна на власта, Ние членството и симпатизерите донесовме одлука и бараме итна и неотповиклива оставка од Генералниот секретар г-динот Љупчо Балковски и Извршниот комитет на ВМРО-Народна партија.
Со ваквата постапка самите тие ќе покажат колку им значи ВМРО-Народна партија и нејзиното членство кое опстојува со години
„Свесни за последиците кои се пројавуваат последниве неколку години, но и свесни за тоа дека токму од членството мора да стигне промената сметаме дека ова би било најдоброто решение за сите нас.
После девет години плукање и понижување од страна на ДПМНЕ, ние не сакаме да бидеме некакви нивни спасители. Сакаме да ги увериме челните луѓе од ВМРО-Народна партија дека ваквото размислување го делат повеќе од 90% од членовите на ВМРО-Народна партија.
Ние сакаме ВМРО-Народна партија да се развива и ја оправда својата улога како трет политички субјект во Македонија кој нуди програма и идеја за достоинствен живот, а не нечив приврзок или гума за спасување.
