Љубе во судница извади докази дека е местен за “Ровер”, обвинителката се повлече од случајот…

од desk3
115 прегледи

Обвинителката во случајот „Ровер“ против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски-Лидија Раичевиќ- Вучкова , денеска соопшти дека се повлекува од овој случај, откако во судница екс-министерот за внатрешни работи презентираше транскрипти и УСБ за кои тврдеше дека содржат разговори кои докажуваат дека како се мести неговото апсење за Ровер. Бошкоски соопшти дека материјалите преку својот адвокат ќе ги достави до спец. обвинителка Катица Јанева.

271922_ljube-boskovski02foto-fonetepa_f

Судот одлучи процесот да го одложи за јануари, до кога ќе се чека да се утврди кој е надлежен за неговото постапување-дали Јавното обвинителсто или Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.

Јанева попладнево ќе каже дали се соочува со нови сопки во работата?

“Од овие материјали се гледа вистината за овој полициски политички процес познат како „Ровер“, а конструиран од еден висок функционер во полицијата. Кога материјалите ќе и бидат достапни на јавноста како со случајот „Кампања“, јавноста ќе биде шокирана од вокабуларот и од бруталноста на мојот прогон”- посочи Бошкоски.

Ова е по трет пат случајот „Ровер“ да влезе во судските сали, откако Апелација двапати ја укина простепената пресуда заради низа пропусти и неутврдена фактичка состојба.

Слични содржини