Главниот град на Словенија – Љубљана не е меѓу најатрактивните туристички дестинации, што сепак е нејзин голем плус.Таа е чиста и уредна, многу мирна и зелена, токму затоа што во неа не се среќаваат толпи туристи.
Љубљана е како излезена од волшебна снимка на Дизни и не личи на ниту една друга европска престолнина.
Градот може да се пофали со прекрасна архитектура – посебна мешавина на барок и Арт Нуво, со сложени детали и сето тоа во една пастелна палета на бои.
Комунистичкиот режим (Словенија беше дел од Југославија) тука речиси не оставил свој белег – во градот нема панелки, нема мавзолеи и т. н.
Освен тоа, во романтичниот град има многу пријатни мали кафулиња и пабови, лоцирани по должината на брегот на тивката река Љубљаница, има многу паркови, прекрасни плоштади, убава катедрала, интересни мостови, галерии, музеи и тесни улички, пријатни за прошетка.
Примамливата Љубљана има вистински средновековен замок, датира од XII век, кој е изграден на ридот, од кој се открива чудесниот поглед на градот.
Некои луѓе сметаат дека градот личи на мала Прага.
Во 2014 година, Љубљана ја прославува својата 2000-та годишнина од основањето (како римската населба Емона).
Покрај тоа, градот е на само два часа возење од двете бисери на Европа – Алпите и Јадранското Море, што го прави уште попривлечно место за поминување дури и за еден ден.







