Во оваа недела претставниците на различните хороскопски знаци е добро да ги одложат најважните одлуки во секторот на љубовта. Општо земено неделата нема да биде блага на љубовен план. Венера и Плутон може да доведат до експлозивни настани. Еве што покажува ѕвездената карта за неделата 16-22 ноември.
Овен
Понекогаш љубовта едноставно боли. Во оваа недела ќе се чувствувате како рана, која скоро зараснала, повторно да се отворила. Ќе произлезат прашања во врска со вашата врска и тоа дали може да му верувате целосно на партнерот. Може да се чувствувате збунети, затоа во оваа фаза избегнувајте ги крајните одлуки.
Бик
Избегнувајте да разговарате со вашите колеги за љубовниот живот. Можно е некој од нив да манифестира љубомора и да се обиде да наштети на вашата врска. Од друга страна е подобро да не ги споделите вашите интимни односи, за да не западнете во непријатна позиција и да станете предмет на озборувања.

Фото: istock
Близнаци
Венера е во вашиот сектор на односите. Ако се наоѓате во врска, може да се појават ситуации кои ќе ја поткопаат довербата кон него или неа. Во случај да почувствувате недоверба од ваша страна, стравувате во некоја насока, поразговарајте со својот сакан човек. За оние од вас кои бараат нова љубов, периодот е погоден за нови познанства.
Рак
Раковите кои по природа сакаат да контролираат сè, оваа недела ќе се соочат со силната страна на својот партнер. Кога станува збор за семејството, ќе ви биде потребна емоционална сигурност. Ако некако партнерот ви покаже дека таа е загрозена, ќе го вратите ударот. Обидете се да ги контролирате вашите емоции и најдобро поразговарајте со својот сакан човек.
Лав
Во петокот Меркур ќе влезе во вашиот петти дом на вистинската љубов, проследен со Сонцето во неделата. Вие ќе имате добри изгледи за нови познанства. Очекувајте да се роди силна психолошка врска со некој кој може да се покаже како специјален за вас.
Девица
Во средата Нептун ќе се сврти директно во секторот на односите и силата на неговото влијание може да фрли облаци над вашиот љубовен живот. Некои претставници на зодијачкиот знак ќе се соочат со простувањето, други пред безусловната љубов, а трети, кои одржуваат само сексуални односи е добро да се чуваат, за да не биде злоупотребена нивната доверба.

Фото: istock
Вага
Последното нешто што ќе сакате да ви се случи во текот на оваа недела е некој да се меша во вашиот љубовен живот. За жал тоа може да го очекувате од страна на член на семејството и интервенцијата да не е во позитивна насока. Ако тоа се случи, зачувајте смиреност и покажете на соодветен начин, дека никој не може да се меша во вашиот љубовен живот.
Шкорпија
Оние од вас кои се наоѓаат во врска, ќе се чувствуваат како да се наоѓаат во сапунска опера. Нептун, кој е планета на безусловната љубов, но и на илузијата и збунетоста, неколку месеци беше ретрограден, но ќе се обрати кон вашиот знак во средата и попрецизно во секторот на романтиката. Овој пат неговата позиција е во ваша корист и ќе ви помогне да сретнете сродна душа или ќе имате можност да се зајакне врската.
Стрелец
Некој во блиската околина ќе ви испрати мешани сигнали. Еден ден ќе флертува со вас, во друг ќе дејствува повлечено. Оваа игра може да не ви се допадне и вие да одлучите да ставите крај на вашата врска. Размислете дали вреди да продолжите да играте и какви компликации би имало за вас.
Јарец
Венера и Плутон ќе го направат вашиот љубовен живот трнлив. Ако сте во сексуална врска, размислете дали навистина сте привлечени на посебен начин од овој човек и ако да, дали односите ќе се развијат според вашите желби. Не заборавајте дека површната романтика може да преживее кратко време.
Водолија
Во оваа недела некои од претставниците на зодијачкиот знак кои не се во сериозни врски, ќе сфатат дека партнерот со кој се забавуваат не е на нивно ниво. Ова може да предизвика желба во нив да стават крај на оваа врска. За оние кои имаат сериозна врска љубовната клима ќе биде поволна.
Риби
Кога станува збор за љубовта, нема да знаете што сакате. Илјадници желби и избрзани одлуки ќе ве премислат. За да не направите погрешен избор, размислете добро, но не и оставајте да бидете изманипулирани.