Неделава ќе биде интересна на љубовен план. Венера и Јупитер ќе им помогнат на претставниците на различните хороскопски знаци да ја откријат љубовта. Од друга страна полната месечина може да ги натера да бидат малку почувствителни или да забави некои љубовни настани. Видете ја љубовната прогноза и за вашиот хороскопски знак.
Овен
Полната месечина во вашиот сектор на романтиката ќе доведе до пресвртна точка во вашиот љубовен живот. Ако се наоѓате во необврзувачка сексуална врска, ќе почувствувате дека доживувате нешто повеќе од желба за секс кон партнерот. Врзаните претставници на зодијачкиот знак може да се замислат за тоа дали нивната партнерка го дава потребното во љубовта или не.
Бик
Ќе почувствувате моќ на љубовта во оваа недела на својот восхитувачки начин. Вашиот партнер ќе ви помогне да остварите некои од поставените цели. Ако сè уште се сомневате во себе, време е да се погледне позитивно на работите, бидејќи омилениот човек ќе ви ја даде целата своја поддршка.
Близнаци
Комуникацијата со партнерот ќе биде многу полесна во оваа недела. Ќе сфатите дека е време да се остане верен на своите чувства и дека е време да ги изразите. Исто така, од сабота до 16 февруари, кај вашиот партнер ќе има позитивна промена во финансиите, што ќе ја однесе врската во уште повеќе хармонија.
Рак
Вашиот партнер ќе ве натера да се чувствувате многу значајни во оваа недела. За почеток таа или тој ќе ви покаже многу повеќе доверба, одговорност кон вас и благодарност за она што го правите за него или неа. Ако имате планови да преземате посериозни чекори од сабота до 16 февруари, ѕвездите ќе ви помогнат да го остварите тоа.
Лав
Полната месечина оваа недела ќе ве направи некако почувствителни во љубовта. Некои од врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе го преиспитаат односот и ако досега се чувствувале удобно во него, може да одлучат да преземат некакви промени во оваа насока. Неврзаните лавови имаат потенцијал да започнат канцелариска романтика.
Девица
Љубовта е во воздухот! Ако сте неврзани, знајте дека до средината на следниот месец ја имате поддршката на Венера. Има шанса да се запознаете со некој посебен. За врзаните претставници на зодијачкиот знак, неделава ќе биде исполнета со романтика и планови за убави патувања.
Вага
Семејната хармонија ќе продолжи по саботата. Оние од вас кои сè уште не ја претставиле својата половинка на семејството, можат да го сторат сега или во следните недели. Позитивни промени може да се случат и во животот на неврзаните Ваги, под услов да бидат отворени кон повеќе социјални контакти.
Шкорпија
Вашите романтични фантазии се на пат да се случат оваа недела. Во понеделник Марс ќе застане под совршен агол кон Нептун – планетата на безусловната љубов. Во оваа фаза Нептун се наоѓа во вашиот сектор на љубовта. Општо земено седмицата е добра како за врзаните, така и за оние од вас кои ја бараат својата сродна душа.
Кои знаци се најголемите баксузи во Хороскопот?
Стрелец
За врзаните претставници на овој знак е можно да настане конфликтна ситуација со својата сакана половина. Навидум невин разговор може да прерасне во спор. Можно е овој спор да биде предизвикан од тема поврзана со пари. Тензиите меѓу вас ќе траат цела недела.
Јарец
Венера влегува во вашиот знак во сабота, за да ви помогне да ја подобрите љубовта во животот на секој можен начин. Освен тоа полната месечина во сабота ќе се впушти во вашиот осми дом на интимноста. Бидете посветени еден на друг со саканиот и радувајте се на оние моменти во кои може да се остане насамо.
Водолија
Во овие денови ќе се чувствувате поранливи во љубовта. Може да се чувствувате несигурни, ќе сакате да ја преиспитате својата врска. Не брзајте со заклучоците и одлуките.
За неврзаните претставници на зодијачкиот знак во овој момент нема шанса за нова љубов.
Фобиите на различните хороскопски знаци
Риби
Вашиот социјален живот ќе биде клучот за подобрување на вашиот љубовен живот и попрецизно за оние од вас кои не се врзани. Венера ќе ви ја покаже својата моќна поддршка и ако добиете понуда за состанок – не ја одбивајте. Магијата е во воздух!