Во првата недела на ноември романтиката ќе го одбележи својот врв. Позитивно влијание врз односите и наоѓање на нова љубов ќе покажат Венера и Марс. Еве што покажува ѕвездената карта за љубовта.
Овен
За оние од вас на кои канцелариска романтика во последните денови и недели им го возбудува срцето, ќе настапи возбудлив период. Најверојатно вие и објектот на вашата желба ќе започнете сериозна и убава врска или ако веќе се наоѓате во таква ќе ја објавите пред вашите колеги и блиски.
Но, бидете внимателни! Во неделата Венера ќе се пресели во секторот на вашите односи и ќе треба да обрнете повеќе внимание на комуникацијата помеѓу вас и вашата сакана.
Бик
Уште во понеделникот Венера и Марс ќе направат убава врска во вашиот сектор на романтиката и тоа ќе разбуди многу искри помеѓу вас и партнерот. Ако неодамна сте започнале љубовна врска, ќе почнете да се чувствувате со партнерот поврзани не само на физичко ниво. Во случај да се наоѓате во долгогодишна врска, хармонијата меѓу вас и вашата сакана ќе се чувствува во текот на целата недела.

Фото: istock
Близнаци
За врзаните претставници на зодијачкиот знак претстојат спокојни денови во кои е добро да се посвети поголемо внимание на партнерот или барем да се обидат да балансираат помеѓу работата и љубовта. По неделата Венера ќе влезе во секторот на љубовта и ќе открие нови перспективи за неврзаните Близнаци.
Рак
Во понеделникот Меркур влегува во љубовниот сектор, што ќе ја направи комуникацијата помеѓу вас и партнерот полесна. За тоа ќе помогне и влијанието на Венера и Марс и ќе открие можности пред вас за зајакнување на вашата врска. Не заборавајте за страстите во спалната соба, кои дополнително ќе ги разгорат искрите меѓу вас.
Лав
Ќе се чувствувате навистина ценети од својот сакан. Тој или таа ќе ве опсипе со љубов и комплименти. Страсниот пламен меѓу вас ќе гори уште посилно. Од друга страна Венера ќе фрли позитивна светлина врз комуникацијата со партнерот. Не заборавајте и вие да ги покажете вашите чувства кон својата сакана.
Девица
Родените во знакот на хороскопскиот знак Девица ќе бидат најсреќниот знак во Зодијакот оваа недела, кога станува збор за љубов. Венера и Марс ви ја даваат својата поддршка, еве зошто моментот е погоден и за повеќе романтика. Ќе имате можност да уживате во длабоки и значајни разговори.
Фото: istock
Вага
Вие и вашиот омилен може да уживате на таен состанок во почетокот на неделата. Дефинитивно има многу работи во вашиот љубовен живот, кои ќе се случат зад затворени врати. Во неделата Венера ќе го покаже своето влијание врз вашиот знак, што не само што ќе ја зацврсти врската, но ќе ве натера да се чувствувате поубаво, уверени и во хармонијата со партнерот.
Шкорпија
Неделава ќе биде возбудлива на љубовен план за родените во знакот на Хороскопскиот знак Шкорпија. Ако во опкружувањето има некој кој привлекол внимание – дејствувајте! Направете го првиот чекор, бидете нежни и тргнете на патот кон среќата.
Во овие денови ќе ве возбудат повеќе прашања поврзани со кариерата. Ако се наоѓате во врска, партнерот ќе ја покаже својата поддршка. Оние од вас кои сè уште не ја нашле својата сродна душа, нека посветат поголемо внимание на личниот живот и социјалните контакти надвор работната средина.

Фото: istock
Јарец
Сексот ќе биде возбудлив, но духовната врска ќе биде таа која ќе е приоритет за вас и вашата сакана. Најдобриот дел е дека сте на иста бранова должина и ќе дознаете многу еден од друг. Ако сакате да споделите нешто важно со партнерот или да поразговарате за тензично прашање, сега е моментот.
Водолија
Длабочината на чувствата кои ќе ги споделите со вашиот партнер, ќе ве натераат да се упатите во нова подлабока насока. Во сексот ќе достигнете нови врвови на задоволство, а емотивно сè уште има места кои ги криете, за да не бидете повредени. Доверете се на партнерот и преминете на следното ниво на интимност.
Риби
Ако барате љубов и страст, оваа недела ќе ги имате во изобилство. Венера и Марс ќе ви ја дадат својата поддршка за да бидете и да се чувствувате навистина забележителни. На крајот на неделата партнерот може да добие добри вести поврзани со финансиите, а потоа да почнете да правите планови за заедничка инвестиција или патување.