Љубовен хороскоп од 23 до 29 ноември 2015

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Романтиката ќе биде непредвидлива во последната недела од ноември. Венера и Уран ќе се противат еден на друг, што значи “очекувајте го неочекуваното” во секторот на љубовта.

Избегнувајте да донесувате важни одлуки за вашиот љубовен живот, како и важни разговори со вашиот партнер. Еве што покажува уште ѕвездената карта.7bc3389718d2af69621bbf856c17d6da
Овен
Во оваа недела љубовниот живот ќе биде повеќе од интересен. Венера е во вашиот сектор на партнерството и ветува хармонија и меѓу вас и вашата партнерка. Во понеделникот, сепак, таа може да се наруши. Бидете внимателни со немирите и начинот на кој се прикажат вашите емоции.

Бик
Ненадејни промени во вашиот љубовен живот може да влијаат врз здравјето физички или да наштети на психата. Ако се чувствувате збунети во љубовта, избегнувајте ги конфликтите со партнерот. Лошата клима во љубовта е привремен феномен.

Близнаци
Подеми и падови ќе има во секторот на љубовта за родените во знакот на Хороскопскиот знак Близнаци. И покрај малите недоразбирања, ќе се чувствувате сигурни во романтиката. Внимавајте во четвртокот, кога Сатурн ќе излезе надвор од контрола.

Рак
Во последната недела од ноември ќе се поделите во правците. Работата ќе ви го одземе поголемиот дел од времето за романтика. Сепак не им давајте надмоќ на негативните емоции и пробајте малкуто време што го имате да го подарите на вашата сакана.

e4431e8633d5652338750d2321c9ad10
Лав
Понекогаш во љубовта е тешко. Понекогаш дури и боли. И понекогаш, тоа нè збунува. Сатурн која е планета на лекциите и ограничувањето, сега се наоѓа во секторот на романтиката. Ќе имате многу прашања кои ќе ви го возбудат срцето. Обидете се да не бидете напнати, бидејќи крајниот резултат ќе биде во ваша корист.

Девица
Ако се наоѓате во сериозна врска, вашиот партнер ќе треба да добие поддршка. Деликатните ситуации се оние кои ни покажуваат дали сме еден за друг. Обидете се заедно да преминете во најтешките моменти за да уживате на романтиката која ве очекува.

Вага
За врзаните Ваги  ќе биде недела на искушенија во секторот на љубовта. Не обидувајте се да го контролирате партнерот, бидејќи колку повеќе ја држите во раце, толку поголем е ризикот љубовта да ви се лизне. Дајте ѝ слобода на саканата, а ако нешто ви пречи, најдобро е да го споделите.

Шкорпија
Романтиката ќе ве натера да се чувствувате посигурни. Ако се наоѓате во необврзувачка врска, има опција да ги откриете своите чувства или да се посомневате во исправноста на партнерот. Не брзајте со заклучоците, туку размислете внимателно за односите  и она што сакате да се случи помеѓу вас.15d37db7cecb0527d534800a676e34e2

Стрелец
Вашата љубовна врска ќе биде во центарот на вниманието во текот на овие денови. Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе доживеат емоционална пресвртница во односите. Ако се наоѓате во необврзувачки однос, подајте се на желбите и емоциите и оставете настаните да ве водат.

Јарец
Можете да се судрите неочекуван отпор од страна на роднини, кои ќе се обидат да ви интервенираат во личниот живот. Не дозволувајте некој да ги одредува вашите избори во љубовта. Од друга страна, ако се наоѓате во необврзувачки однос, може да одлучите овие односи да се претворат во убава врска.

Водолија
Романтиката ќе го исполни вашиот живот, но бидете внимателни кога станува збор за комуникацијата со партнерот. Не брзајте да заклучувате на одредена тема, за да не го повредите саканиот. Исто така не носете и избрзани одлуки, кои потоа може да ги промените. Во среда направете романтично  изненадување на партнерот.

Риби
Напорот во работата ќе ви земе од енергијата, која инаку би ја вложиле во романса со својот сакан човек. Не носете важни одлуки пред да се консултирате со партнерот. Тој од своја страна ќе ве поддржува.