Љубовен хороскоп од 30 ноември до 6 декември 2015

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Во првата недела од декември Венера ќе ја даде својата моќна поддршка за голем дел од Хороскопските знаци. Можно е да има навестување на љубомора или да се појават мали конфликти. Но, тие нема да ја помрачат инаку поволната клима во љубовта. Погледнете што ве очекува во следните редови.26a3fa08a9a0797492441d7acbb55f9e

Овен
За оние од вас кои се во сериозна врска, оваа недела, акцентот ќе биде не толку кон романтиката, колку кон заедничките финансии. Има голема веројатност да одлучите да направите големи инвестиции заедно, како купување на дом. Сепак ќе се обидете да обрнете повеќе внимание на романтиката.

Бик
Очекувајте повеќе хармонија помеѓу вас и вашиот партнер оваа недела. Во петокот вашата владејачка планета Венера, ќе се пресели во секторот на односите и ќе остане таму до 30 декември. Ќе почувствувате зајакнување на љубовта на едно подлабоко ниво, ќе имате желба да го вклучите партнерот во односи кои имаат перспектива.
63bbc6f8237e00bc6f0c90cad41dcc16
Фото: istock
Близнаци
Во вторникот вие и вашиот партнер ќе уживате во извонредна комуникација меѓу вас. За оние од вас кои се уште не ја нашле љубовта, по петок постои веројатност канцелариската  романтика да почне да се развива. Ве очекува силна хемија со колега.

Рак
Нeврзани сте? Го барате оној посебен човек кој ви ќе ги улови срцето, телото и душата? Во петокот Венера ќе влезе во вашиот сектор на љубовта и ќе се задржи таму до крајот на 2015 година. Дотогаш ја имате моќната поддршка на оваа планета да се запознаете со некоја посебна личност.

Лав
За самите лавови неделава ќе биде исклучително интересна. Можно е да се појави нова љубов зад граница или ако во моментов одржувате несериозна сексуална врска, таа да стане нешто повеќе. Почекајте до петок, кога ќе биде најсоодветен ден за носење на сериозни одлуки.

Девица
Добри вести и за неврзаните претставници на хороскопскиот знак Девица. По петок има големи шанси во љубовта да почнете да се чувствувате среќни и да сретнете нова љубов. Бидете социјални и не откажувајте никакви покани за забави. Ако веќе сте го нашле својот партнер, хармонијата меѓу вас ќе стане повеќе од здодевна.
f562bc7abba5671977e7d2db5d280ab2
Фото: istock
Вага
Во оваа недела вие и партнерот ќе завршите некој проект, ќе донесете важна одлука или ќе решите проблем. Сето се развива во ваш интерес. Сексуалниот живот ќе го заземе својот врв, но не дозволувајте ситни пречки да ја расипат хармонијата меѓу вас.

Шкорпија
Венера се движи во знакот на Шкорпија и до крајот на годината ќе имате фантастични можности во љубовта. Планетата ќе ја зголеми вашата самодоверба и физичката привлечност и е многу можно да привлечете кон себе нови обожаватели. Сега е време да се инвестираат средства и време за подобрување на вашата надворешност.

Стрелец
Претстојат денови на размислување. Ќе сфатите дека сакате и сте потребни повеќе во љубовта. Ако во последно време сте биле разочарани од врските, сега ќе ви треба совет на близок пријател, за да знаете како да продолжите смело напред.

Јарец
Вашиот социјален живот може да биде клучот за вашиот љубовен статус. Ако барате начин да ги подобрите односите со некој близок, размислете за диверзификација на општествениот живот. Откријте нови интереси, хобија, во кои ќе бидете заедно. Ако сте осамени и некој ве покани на состанок, прифатете ја поканата.

Водолија
Ако се наоѓате во врска, после петок неговиот или нејзиниот статус може да се претвори во повод за гордост. Успесите на партнерот ќе ве зближат уште повеќе. Уживате обожавање еден кон друг.

Риби
Вие и вашиот омилен ќе сакате нешто повеќе во љубовта. Во петокот Венера ќе се пресели во овој дел од вашата шема, која е поврзана со сериозни и важни чекори. Како резултат веќе нема да ве задоволува само физичката врска. Ќе сакате да ги проширите хоризонтите заедно на духовно, интелектуално и културно ниво.